Нетранспарентното работење на Спасовски направи хаос во МВР

По доаѓањето на функција на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, МВР работи целосно нетранспарентно. Новинарите од таму не можат да добијат информации и одговори и за тоа мора да бидат поднесувани посебни барања.

Дури и откако ќе се поднесе барањето од новинар или медиум, одговорот се чека со денови, кога темата веќе ќе биде неактуелна, а информацијата нема да пристигне навреме до граѓаните, пишува „Курир“.

Медиумите ваквиот однос на Спасовски и МВР го осудија јавно и упатија критики до ваквата работа која ги оневозможува новинарите да ја вршат својата должност – навремено информирање на јавноста.

Уредникот на телевизија „Алфа“, Коле Чашуле, пред два дена во емисијата „Акцент“ на МРТ говореше токму за овој проблем.

-Три дена се чека на одговор за обична информација, не за висока политика. Забрането е да се даваат информации, а по закон е обврска. Четири дена беше подоцна објавено соопштението на средба во ОБСЕ, истакна Чашуле.

Жестоки критики за нетранспарентност упатени и од опозициската „Телма“.

И новинарот Цветин Чилиманов на својот Фејсбук профил објавува дека во МВР во секторот за односи со јавност владее вистински хаос.

status-na-cvetin-cilimanovv

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.