„Животот е подеднакво кршлив” – нова кампања за безбедност во сообраќајот

„Животот е подеднакво кршлив” - нова кампања за безбедност во сообраќајот
„Животот е подеднакво кршлив” - нова кампања за безбедност во сообраќајот
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на новогодишните празници ќе ја реализира кампањата „Животот е подеднакво кршлив” во која главниот акцент ќе биде ставен на младите и неискусни учесници во сообраќајот како посебна ранлива група во овој период од годината.

Кампањата првенство ќе има едукативен карактер, преку специјално дизајнирани едукативни материјали кои ќе бидат поделени на оваа популација. Тие содржат пораки и совети кои што младите треба да ги почитуваат за да бидат безбедни на патиштата. Понатаму, младите преку промотивни и едукативни активности ќе се едуцираат на оваа тема.

Во рамки на кампањата РСБСП ќе продолжи со совети и предавања за младите, а во Скопје и низ Македонија ќе има штандови со материјали и едукација.

Од РСБСП посочуваат дека нивната цел е преку овие активности да ги објаснат ризиците и опасности кои ги демнат при несоодветно и небезбедно учество во сообраќајот и тоа непосредно пред да влезат во својот автомобил.

Инаку,статистиката покажува дека во светски рамки сообраќајни несреќи се причина број еден за смртност помеѓу младите на возраст од 15-19 години и втора причина за смртност на младите помеѓу 20-24 години. Во Македонија во првите 9 месеци се случиле повеќе од 1000 сообраќајни несреќи во кои причината била брзото возење или пак возење под дејство на алкохол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.