ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Северна Кореја и ИД имаат иста перцепција за слободното новинарство

Односот на СДСМ кон медиумите сите можеа да го видат на дело. СДСМ покажа дека има фашистички и тоталитарен концепт и поимање на медиумите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не знае што е слобода на говор и слобода на информирање. За СДСМ медиумите се непријатели.

СДСМ се тие кои имаат покренато најголем број тужби против медиуми и новинари. СДСМ се тие кои поддржуваат директни напади врз новинари, уништувања редакции, тепања на новинари и новинарски екипи.

Портпаролот на СДСМ е тој кој што се заканува до новинари со затвор и користи навреди.

СДСМ така ја гледа солободата на медиумите. Веројатно СДСМ, Северна Кореја и Исламска држава имаат иста перцепција за медиумите и слободното новинарство.

Граѓаните го гледаат вистинското лице на СДСМ. И затоа ќе ги казнат најсурово сите лаги и манипулации на СДСМ на 24 април. Остана уште само 141 ден до политичкиот крах на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.