ССНМ достави предлог за медиумите до ВМРО ДПМНЕ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ССНМ денеска го достави Нацрт – Колективниот договор за медиумската индустрија до координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

Секое од решенијата што ССНМ ги нуди во нацрт Колективниот договор се добредојдени за вградување при евентуалното менување на Законот за медиуми, затоа што со тие решенија се подобруваат правата на медиумските работници, што е еден од основните предуслови за слободата на медиумите.

Илија Димовски ги повика сите здруженија на новинари, медиумските асоцијации – регионални, национални и локални, граѓанските здруженија, како и здруженијата од цивилното општество кои имаат интерес од оваа тема, наредниве денови да поднесат писмени предлози и концепти за кои сметаат дека би помогнале во подобрувањето на оваа проблематика, како и во постигнувањето медиумски развој.

Документот можете да го видите ТУКА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.