Маскерано ја призна вината: Му се заканува затворска казна

Поради затајувањето Маскерано ќе мора да плати 815 илјади евра, а исто така тој прифатил и затворска казна, нормално, ако судот реши дека е потребна.

Но, како што тврдат од Шпанија тој нема да оди зад решетки затоа што го признал делото и воедно е подготвен да го плати она што го должи.

Маскерано е еден од главните фудбалери во одбранбената линија на Барселона и оваа сезона тој одигра 18 средби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.