Рено најави кам-бек во Формула 1

Долгогодишното искуство, победничкиот дух и одличните резултати во минатото се главната причина поради која челниците на францускиот производител на автомобили се одлучија да се вратат во Ф1 во 2016 година.

Одлуката беше разгледувана од два аспекти – да се вратиме целосно како фабрички тим, не само како снабдувач на мотор или целосно да заминеме од шампионатот. За нас беше важно да имаме финансиско здраво и прифатливо опкружување. По детално разгледување решивме да го прифатиме предизвикот. Наша амбиција е да се вратиме на победничка патека, без разлика дали ќе мора да почекаме некое време за посакуваните резултати, изјави првиот човек на Рено, Карлос Госн.

Рено има учествувано на 600 Гран-при трки, на кои 168 пати го подигна победничкиот трофеј. 12 пати ја освои шампионската титула во конкуренцијата на конструктори, а 11 пати во конкуренцијата на возачи.