недела, 15 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Отворен НВО саем за волонтерство и активно граѓанство

Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството, истиот е организиран од здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје", а финансиски е поддржан од Град Скопје.

Отворен НВО саем за волонтерство и активно граѓанство

Отворен НВО саем за волонтерство и активно граѓанство

Последни вести

Во просториите на Младинскиот културен центар, денеска се одржа Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје.

На овој саем учество зедоа голем број здруженија на граѓани кои имаа можност на посебни штандови да ги претстават пред јавноста и присутните, своите проекти, планови, активности и заложби, како и да учествуваат во многубројните работилници.

Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Со поддршката на овој настан градот Скопје го потврдува своето настојување за учество во активностите  со кои се промовира волонтерството и активното граѓанство, како вредности кон кои нашите граѓани треба да се стремат и да ги практикуваат. Затоа, особено ми е драго што овој пат НВО саемот не е само можност за преставување на Граѓанските здруженија кои работат на територијата на Град Скопје, туку е и можност за нивно вмрежување и зајакнување на меѓусебната соработка. Посебно ми е мило што голем број од организациите кои партиципираат на овој настан се пријавија и за работилниците кои ќе се одржат ворамките на овој Саем, а чија крајна цел е подигнување на квалитетот на животот во нашиот град, во сите области од нашето живеење, кажа градоначалникот Трајановски.

саем

Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството, истиот е организиран од здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.

 

Најчитани вести