Ова е стратегијата на СДСМ за бегство од избори

Соочени со лошиот рејтинг СДСМ дефинитвно почна со спроведување на нивната излезна стратегија тие да избегаат од изборите, СДСМ да не учествува на изборите или пак изборите воопшто да не се одржат.

Главниот повод кој СДСМ ќе го искористи како причина да избега од изборите е да не се постигнат решенија за двете актуелни теми: медиумите и составот на ДИК, каде што претходно веќе имаше првичен договор.

Преку поставување на нереални и штетни предлози и позиции во однос на медиумите, за кои СДСМ однапред знае дека ќе бидат одбиени, СДСМ спрема подлога да го напушти процесот и да одбегне избори, пред се поради тоа што им е познато расположението на граѓаните и стравот од пораз кој е извесен особено ако се знае дека СДСМ убедливо губи и има очајна поддршка од граѓаните, што е потврдено и со сите последни мерења на расположението на граѓаните и анкети.

Во СДСМ членството е демотивирано, а раководството исплашено од одржување на избори кои значат дефинитивен крај на нивната политичка кариера. СДСМ сака да протне фашистички предлози за медиумите, кои се непознати во ниту една европска земја и тоа откако претходно Заев јавно посочи дека медиумите се најголеми политички непријатели на СДСМ.

Инаку, постојниот закон за медиуми е донесен почитувајќи ги европските норми и во согласност со европската унија. Впрочем таквото решение го оцени како одлично и самата Дуња Мијатовиќ, која даде позитивна оценка.

Имено, однесувањето на политичките партии во изборниот процес е веќе дефинирано со постоечкиот закон.

Околу ДИК, тема која се сметаше за договорена, СДСМ сега сака нереално и неаргументирано да добие апсолутна контрола врз составот на ДИК преку настојување двајца од тројцата експерти кои треба да се членови на ДИК и за кои треба да има договор меѓу политичките партии, всушност да поддржувачи на СДСМ и тие да им ја одработат работата во изборното тело. Ваквиот развој на настаните е дефинитивен показател дека СДСМ очајно сака да избега од избори.

Со ова СДСМ настојува државата ја внесе во уште подлабока фаа на криза спроведувајќи деструктивно сценарио.

Сака економијата повторно да се укочи, да се стопира отворањето на работни места, отворањето на фабрики, покачувањето на пензиите, платите, субвенциите…СДСМ не сака развој, СДСМ сака повторно тензии.