сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

„ Ту челос “ на средба со министерката Канческа-Милевска

tu celos

Последни вести

Виолончелистите од Хрватска Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, кои настапуваат во дуото „ Ту челос “, пред вечерашниот концерт во „Метрополис Арена“ беа примени од министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Членовите на „ Ту челос “ изјавија дека се задоволни  што повторно ќе настапат пред македонската публика. Пред четири година беа дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.

– Задоволство ни е повторно да бидеме во Македонија. Минатиот пат настапивме во Охрид на Охридско лето.  Ова лето за жал не можевме да го реализираме тој концерт, па затоа сега сме овде во Скопје. Ќе дадеме се од себе да ја загрееме публиката и Македонија, сите да уживаат во нашиот концерт, изјави Шулиќ, пренесува МИА.

По вечерашниот настап „Ту челос“ во понеделник ќе одржат и втор концерт  на официјалната фестивалска вечер на „Таксират“.

Министерката Канческа-Милевска им се заблагодари на „Ту челос“ за нивниот настап на двата најавени концерта и изрази надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина.

– На маестралните „ Ту челос “ и им посакав срдечно добредојде во нашата држава. Вечерва ќе имаат концерт. Покрај вечерашниов концерт ќе одржат уште еден концерт во понеделник, така што македонската јавност ќе ја почестат со два концерта. Светската музичка кариера на „Ту челос“ е огромна и навистина ми е драго што Македонија станува  дестинација на огромен број светски музичари. Како Влада и како Министерство за култура ќе продолжиме со огромната поддршка за светските музичари се почесто да ги имаме во Македонија, изјави Канческа-Милевска.

Во разговорот, додаде, ги информирав дека јавноста со огромно исчекување го очекува вечерашниот концерт за кој сите карти се распродадени.

– Убедена сум дека ќе имате позитивна и пријатна атмосфера од наша страна и вечерва и во понеделник, им рече на средбата министерката Канческа-Милевска.

Виолончелистичкото дуо е сензација од 2011 година, по објавата на видеото на „Јутјуб“ во кое на две виолончела свират преработка на Мајкл Џексон.

Најчитани вести