Нападот во Калифорнија го извеле приврзаници на Исламска држава

Нападот во Сан Бернардино, Калифорнија бил извршен од приврзаници на Исламска држава, соопшти денеска информативната агенција Аамак, која ја подржува џихадистичката групација.

Брачната двојка во средата уби 14 и рани уште 21 лице во еден социјален центар во градот во југозападната американска држава, по што избегаа со автомобил, но подоцна беа пресретнати и ликвидирани од полицијата.

Претходно денеска телевизијата Си-Ен-Ен соопшти дека жената му се заколнала на верност на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.