четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

НАТО нема да праќа копнени сили против ИД во Сирија

„Ова не е на дневен ред на коалицијата и на сојузниците на НАТО, изјави Столтенберг, кој потенцира дека е неопходно засилувањето на локалните сили во конфликтот.

НАТО нема да праќа копнени сили против ИД во Сирија

НАТО нема да праќа копнени сили против ИД во Сирија

Последни вести

НАТО нема планови и ја исклучува можноста за праќање копнени сили против Исламската држава во Сирија, изјавил генералниот секретар на организацијата, Јенс Столтенберг,

„Ова не е на дневен ред на коалицијата и на сојузниците на НАТО“, изјави Столтенберг, кој потенцира дека е неопходно засилувањето на локалните сили во конфликтот.

„САД имаат ограничен број специјални сили. Во прв план е засилувањето на локалните сили. Тоа не е лесно, но е единствената варијанта“.

Првиот човек на Алијансата истакнува и дека конфликтот не е војна меѓу Западот и исламскиот свет.

„Муслиманите се во првата линија на оваа војна. Повеќето од жртвите се муслимани, а и повеќето од оние што се борат против ИД се муслимани. Не можеме да ја водиме оваа борба место нив“, вели Столтенберг.

Тој ја повика Русија да игра поконструктивна улгоа во борбата со ИД, зашто „досега Русија напаѓа други групи и го поддржува режимот на Асад“.

Најчитани вести