Чавушоглу: Турција мора да брани своите војници во Ирак

Турција има должност да ги заштити своите воници во околината на ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на Исламската држава, а причината за нивното присуство таму е обука на турските војници, изјавил денеска шефот на турската дипломатија, Мелвут Чавушоглу.

Ирачкиот премиер Хајдер ал- Абади вчера изјави дека официјален Багдад би можел да се обрти ан Советот за безбедност на ОН, доколку во рок од 48 часа Турција не ги повллече своите трупи од северен Ирак.

Чавушоглу за турските медиуми изјавил дека Абади повеќе пати барал активн турска поддршка во борбата против ИД.

Турскиот министер додал дека најверојатно други земји имале улога за реакцијата на Ирак.

Багдад тврди дека турските сили, со тенкови и артилерија влегле во Ирак без дозвола.