Македонија

Попоски ќе се состане со Хан

Попоски ќе се состане со Хан
Попоски ќе се состане со Хан

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска е во работна посета во Брисел.

Според агендата, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, Попоски ќе има работен појадок со постојаните претставници на земјите членки во ЕУ, во пресрет на подготовките за заклучоците за Европскиот совет, кој ќе се одржи на 17 и 18 декември во Брисел.

Шефот на македонската дипломатија, Попоски ќе се сретне и со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.

Само за потсетување, согласно октомврискиот извештај за напредокот на земјава, изготвен од Европската комисија, Комисијата реши засега да ја задржи препораката за одредување датум за преговори, но истата ја услови со целосно имплементирање на Договор од Пржино со што појасни Хан, Комисијата ќе се наврати на препораката напролет, по завршувањето на изборите закажани за крајот на април, кога ќе соопшти дали Македонија ја задржува препораката или не.