Во Германија од јануари пристигнале речиси милион азиланти

Во Германија од јануари пристигнале речиси милион азиланти

Германија од јануари годинава заклучно со ноември, регистрирала рекордни 964.574 баратели на азил, што укажува на тоа дека до крајот на годинава нивниот број ќе достигне милион, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Вкупниот број на мигранти во ноември годинава е четири пати поголем во однос на бројката за цела 2014 година, покажуваат официјалните податоци.

Без оглед на тоа, Федералната управа за миграција и бегалци успеала да го скрати потребното време за регистрација и процесуирање на новите бегалци од потребните во просек седум месеци минатата година, на пет месеци оваа година.

„Тоа е остварено благодарение на убрзување на процедурата „за баратели на азил од земји со безбедно потекло, посебно оние од Западен Балкан, како и оние од небезбедни земји, посебно од Сирија“, се наведува во соопштението на германското Министерство.

azil-ibna-565x424

Изминатите пет месеци најмногу бегалци имало од Сирија, но голем број имало и од Албанија и од Косово, што за германската влада претставува алармантен тренд, наведува германското Министерство за внатрешни работи.

gegrmany migrants