Авион вонредно слета во Будимпешта поради дојава за бомба

Авион на летот од Берлин до египетското летувалиште Хургада, денеска вонредно слетал во Будимпешта, бидејќи било јавено дека во авионот се наоѓа бомба, соопшти унгарската полиија.

Портпаролот на полицијата, Викторија Чисер Ковач, за Ројтерс изјавила дека заканата била упатена до авиокомпанијата, но одбила да наведе за која компанија се раоти.

Таа додала дека полицијата во моментов ги  претресува патниците и багажот во авионот.