вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 37

Џонсон: Британија да се здружи со Русија и со Асад против ИД

Џонсон навел дека ќе биде ненвозможно да се порази ИД без присуство на копнени сили во Сирија и ја повика владата на Велика Британија, која соопшти дека нема да праќа војници во тој регион, да се здружи со силите на претседателот Асад.

Борис Џонсон: Британија нема да ги напушти пријателите во ЕУ

Борис Џонсон: Британија нема да ги напушти пријателите во ЕУ

Последни вести

Британија мора да ги здружи силите со сирискиот претседател Башар Асад и со претседателот на Русија, Владиммир Путин, во борбата против џихадистите и ИД, навел денеска градоначалнкот на Лондон, Борис Џонсон.

Во својата неделна колумна во „Телеграф“, Џонсон истакнал дека тврдењето на британската влада дека во Сирија има 70.000 умерени бунтовници кои се подготвени да се борат заедно со британските сили, веројатно е „преувеличена“.

Меѓу тие бунтовници можеби има џихадисти кои се идеолошки блиски до Ал Каеда, предупредил Џонсон.

Британскиот премиер Дејвид Камерун минатата недела во обраќање кон пратениците изјавил: „Веруваме дека има околу 70.000 сириски опозициски борци, воглавно од редовите на Слободната сириска војска, кои не припаѓаат на екстремните групи, и со кои можеме да ги координираме нападите на ИД“.

Џонсон навел дека ќе биде ненвозможно да се порази ИД без присуство на копнени сили во Сирија и ја повика владата на Велика Британија, која соопшти дека нема да праќа војници во тој регион, да се здружи со силите на претседателот Асад.

„Сега е вистинско време да го оставиме настрана менталитетот на „студена војна“, напшал Џонсон и додал:

„Единствено не е точно дека се’ што е добро за Путин, автоматски мора да биде лошо за Западот“.

„Најголеми изгледи за победа во војната против ИД ни дава договор меѓу сите сили – Америка, Русија, Франција, Британија, Турција, Саудиска Арабија и други, да ги протераме, а потоа рок до кој Асад треба да се симне од власт и план за воспоставување нова сириска влада“, наведува Џонсон.

Најчитани вести