Поголем дел од оружјето на ИД е одземено од ирачката војска

ИД со хемиско оружје нападна село во северен Ирак
ИД со хемиско оружје нападна село во северен Ирак

Поголем дел од арсеналот на оружје, со кое располага Исламска држава и кое и помогнало да израсне во најсилна екстремистичка организација, е одземен од ирачката војска, се наведува во денеска објавениот извештај на Амнести интернешенел.

– Децении неодговорна испорака оружје на Ирак придонесе за јакнење на ИД и на способноста масовно да врши злосторства, се наведува во извештајот.

– Големите количини и различните видови вооружување кое ги користи оружената група која себе се нарекува исламска држава е пример како невнимателна трговија со оружје ги јакне злосторствата од масовни размери, наведува во соопштение еден од истражувачите на Амнести, Патрик Вилкен.

До големите количини оружје, произведено ширум светот, ИД дојде кога во јуни минатата година го освои Мосул, втор град по големина во Ирак, а тоа оружје го користеше во освојување на други делови од земјата и злосторства над цивилите, се наведува во извештајот.