вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Средба Попоски-Хан: Напредокот во реформите ќе ги олесни пристапните преговори

Во овој контекст, беше разговарано и за грчко-македонските односи, во светло на мерките за градење доверба, балканската мигрантска рута и наметнатиот спор околу името, соопштуваат од МНР.

Средба Попоски-Хан: Напредокот во реформите ќе ги олесни пристапните преговори

Средба Попоски-Хан: Напредокот во реформите ќе ги олесни пристапните преговори

Поврзани вести

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и еврокомесарот за европска соседска политика и почеток на преговори Јоханес Хан се состанаа вчера во Брисел.

Фокус на разговорите беа реформските приоритети, регионалните прашања и справувањето со мигрантската криза.

На средбата беше истакнато дека комплетирањето на успешно реализираните реформи и спроведувањето на изборите во Април 2016 година се најзначајните адути за засилена поддршка од ЕК и конечно Советот на ЕУ во правец на водење на пристапни преговори, следната пролет.

Соговорниците се согласија дека напредокот во реформите е во прв ред од интерес на македонските граѓани, но воедно и би го олеснил процесот кон водење на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија. Во овој контекст, беше разговарано и за грчко-македонските односи, во светло на мерките за градење доверба, балканската мигрантска рута и наметнатиот спор околу името, соопштуваат од МНР.

Најчитани вести