Пад на цените на нафтата на светско ниво

Цените на нафтата го достигнаа најниското ниво од глобалната рецесија во февруари 2009 година. Тие се движат од над 37 до 40 долари за барел.
Според трговците, тоа било поради неуспехот на Организацијата на земјите извознички на нафта да постигне договор за намалување на производството на нафта. Моментално се пумпаат 32 милиона барели нафта дневно или 2 милиона повеќе од она што како цел го има поставено оваа организација.

Цената на WTI вчера во Њујорк падна за 5,8 одсто на 37,65 долари, а на „брент“ во Лондон за 5,3 одсто на 40,73 долари, што се најниски нивоа од февруари 2009 година.

Аналитичарите тврдат дека благото опоравување на цените на нафтата всушност се резултат на распродажбата пред утрешното објавување на извештајот за комерцијални залихи на „црно злато“ во САД, кој, како што наведува агенцијата , ќе помогне при утврдување на нивото на побарувачка во земјата кој  е најголем светски потрошувач на тој енергент.