Крими хроника

Двајца прободени со нож при тепачка во Гостивар

Двајца прободени со нож при тепачка во Гостивар
Три лица од Гостивар се повредени синоќа во тепачка во која едно лице е полесно повреено, а двајца имаат расекотини од нож.

Според СВР Тетово, околу 21 часот на улицата „Ленинградска“ дошло до физичка пресметка на повеќе помлади лица. На тепачката и претходела куса расправија меѓу гостиварците М.Б. (23) и Ф.Ф. (30) од една страна и Л.Ј. (21) од друга.  Дваесет и едногодишник со нож, кој наводно го извадил Ф.Ф., им нанел расеченици на другите двајца, на едниот во вратот, а на другиот во десната надлактица. Во неутврдени околности уште едно лице е полесно повредено, веројатно со скршено шише.

Повредените биле згрижени во гостиварската болница, по што се препратени на скопските клиники и се надвор од животна опасност.

Осомничениот за ранувањето на двајцата гостиварци е приведен и по расветлување на поединостите ќе се соочи со соодветна пријава, а во текот на денот ќе биде изведен и пред судија во претходна постапка.