Владата ќе обезбеди бесплатен превоз за сите редовни студенти

Бесплатен градски превоз за студентите и дополнителни поволности за средношколците се дел проектите кои ги најави премиерот Никола Груевски на синоќешното обраќање на свечената академија по повод денешниот државно-црковен празник Свети Климент Охридски.

-Првиот проект кој сакам да го објавам денес и кој се однесува на студентите, е проектот бесплатен превоз за студентите. Започнувајќи од 1 јануари 2016 година и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. Владата со цел да се имплементира оваа мерка ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа, изјави вчера премиерот Никола Груевски.

Проектот, според Груевски дел од поширока палета од 100 мерки и проекти кои се наменети за младите и за образованието како составен дел од младинскиот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.