Бајден: Ќе го зголемиме притисокот ако продолжи агресијата на Русија кон Украина

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изјавил дека ќе се зајакне притисокот на Запад кон Русија, доколку се продолжи нејзината „агресија“ кон соседна Украина.

Соединетите Американски Држави ќе продолжат да вршат притисок додека Москва не ги обезбеди мировните обврски“, рекол Бајден, пренесува АФП.

Тој посочил дека и покрај смирувањето на конфликтот, нема да се укинат санкциите кон Русија ако  Русија не ги исполни сите обврски од договорот постигнат во Минск во февруари.