„Курир“: Спасовски ги троши ресурсите на МВР за класична политичка хајка

„Курир“: Спасовски ги троши ресурсите на МВР за класична политичка хајка
Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски со дилетантски настап ја доведува во прашање безбедноста на лицата кои ги посочи на вчерашната прес-конференција. Ваков е ставот на безбедносните експерти, кои коментираат дека Спасовски води класично политиканство, односно во ситуација кога Република Македонија е под закана од огромен наплив на мигранти и ризик од тероризам, техничкиот министер се занимава со банални случаи како скршени прозори во општина Центар и кој имал обезбедување заради безбедносен ризик, пишува порталот „Курир“.

Причината поради која биле ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи за безбедноста на лицата кои беа наведени на вчерашната прес конференција на Спасовски е закани по нивната сигурност и лична безбедност.  Дел од работите поради кои е издадена наредба од надлежно лице од МВР за обезбедување на овие лица се закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на блиските.

Според универзитетскиот професор Оливер Андонов, може да се забележи дека СДСМ во МВР спроведува