„Курир“: Спасовски ги троши ресурсите на МВР за класична политичка хајка

политичко-опструктивна власт, додека суштински дополнителниот заменик министер Митко Чавков ги извршува професионалните обврски на Министерството.

-Барем досега не слушнавме ниту една изјава од министерот Спасовски во која се занимава со нарушувањето на безбедносната состојба во Македонија од аспект на критичните ризици и закани како што се меѓудругото мигрантската криза и зголемениот ризик од терористички напади. Да биде уште пострашно, со оваа свое однесување, а особено преку ограничувањата на овластувањата, секако пренесени на директорите на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање министерот ги усложнува и успорува процедурите за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи во критични моменти, вели Андонов, за „Курир“.

Тој додава дека пласирањето на полувистини и конструкции со силна поддршка на некои медиуми и тоа од Министерството за внатрешни работи и неговиот прв човек и насоченоста кон политичко делување во потполност за неполн месец ја покажа сликата за тоа како СДСМ мисли да владее со Република Македонија доколку дојде на власт.

-Во основа се владее за да се покаже сирова и груба моќ на политички деспотизам во кој се забележува дури и озлобеност кон политичките противници, а нема траги од сензибилност, знаење, професионализам и грижа за државата и граѓаните во креирањето и донесувањето на политичките одлуки во областа на безбедноста. Овој практичен настап загрижува и тоа во повеќе аспекти. Во основа не се ставаат како приоритет националните интереси и безбедноста на Македонија туку политичкиот интерес на СДСМ.

Универзитетскиот професор додава дека јавните декларации за професионализам се само празни флоскули за дневно политичка примена.

-Непостои конзистентност и воспоставена стратешка цел во делувањето при раководењето со МВР во насока на засилување на безбедноста на државата и елиминирање и превенирање на безбедносните ризици и закани, а што асоцира на немање на стратешка позиција за водење на државата во политиката на СДСМ. Истиот тој министер паралелно како „професионалец“ впрочем како и неговите советници извршува висока партиска должност и ги употребува ресурсите на министерството за партиски цели, а од друга страна поставува прашање и тој лично и СДСМ како партија за неупотреба на државни ресурси во партиски цели, но само кога треба да се прави искривена слика во јавноста во однос на постапките на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само уште еден показател за практичното лицемерие на СДСМ најочебијно во Министерството за внатрешни работи, смета Андонов.

Според него, крајниот заклучок на оваа однесување е дека за СДСМ како политичка платформа не е важна Република Македонија и нејзината безбедност туку да се дојде на власт.

-Од тука и видовме дека изостана било каква стратешка безбедносна одлука на министерот Спасовски што ќе придонесеше за унапредување на безбедноста туку сите сили и постапки се насочени кон политичко поентирање. За тоа како се однесува кон вработените во министерството и со какви ветувања, додворувања, уцени и закани се служи тој и неговите советници веројатно од крајно професионални причини или со намера да им ја поттикне професионалноста и да ги мотивира во работата, веројатно јавностаќе дознае  дури по изборите во Април кога господинот Спасовски ќе биде минато, вели Андонов.

Oliver-Andonov

Постапките на Спасовски се политикантство и тотален дилетантизам

Андонов смета дека Спасовски со вчерашната прес-конференција, исто како и со одземањето на овластувањата, техничкиот министер повторно