ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат кој води успешна економска политика, а кој само тера демагогија

СДСМ да знаеа и умееја ќе постигнеа барем десетина од тоа што владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го постигна во економијата. Секој економски параметар да се погледне секаде има секаде има значителни подобри резултати во споредба со времето на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес во Македонија невработеноста е намалена од рекордни 39% од времето на СДСМ на 26,8%.

Денес Македонија е 12-та  најдобра дестинација за водење бизнис во Светот според Дуинг бизнис во споредба со 94  место во време на СДСМ.

Денес во Македонија се отворени десетици странски инвестиции од реномирани странски компании, а во време на СДСМ таа графа беше празна.

Денес во Македонија се отворени над 140 000 нови работни места, наместо затворените над 200 000 работни места од времето на криминалната приватизација на СДСМ.

Денес Македонија е 4-та најниско задолжена земја во Европа со државен долг од 36% во време на светска економска и европска должничка криза, а во време на СДСМ кога во светот немаше никаква криза државниот долг изнесуваше 36,7%.

Ова се фактите. СДСМ залудно се обидува да манипулира и лаже.

Граѓаните знаат кој води успешна економска политика, а кој само тера демагогија. Кога СДСМ имаше можност да направи нешто во економијата тие направија хаос од кој долги години граѓаните ќе трпат последици.

Граѓаните знаат, гледаат и паметат и на 24 април катастрофално ќе го казнат СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.