„Телеграф“: Спасовски молчи што барале службени возила од МВР на трибина на СДСМ

„Телеграф“: Спасовски молчи што барале службени возила од МВР на трибина на СДСМ
„Телеграф“: Спасовски молчи што барале службени возила од МВР на трибина на СДСМ
Употребата на службени возила за партиски цели е постапка која води кон партизација на министерството за внатрешни работи, пишува Телеграф.мк.

Тој во текот на вчерашниот ден даде краток одговор со кој се оправда дека на трибината лично бил со партиско возило. Но, не даде објаснување зошто било ангажирано засилено полициско обезбедување на трибината на СДСМ.

Употребата на службени возила за партиски цели е постапка која води кон партизација на министерството за внатрешни работи. Имено, дека Спасовски му дава партиски обележја на министерството говори и тоа што за негови блиски соработници се примени лица кои се партиски активни членови на СДСМ, пишува порталот.

Од почетокот на овој месец Спасовски во својот кабинет ја ангажирал Магдалена Несторовска, која е советник на СДСМ во општината Карпош. Лично Несторовска на социјалните мрежи се пофали дека е партиски активна.

(Принтскрин)

Ангажирањето партиски кадри во министерствата е спротивно од одредбите во МВР со кои се забранува вработен во таа институција да основа, да води или да биде дел од политичка партија, пишува Телеграф.