сабота, 21 јануари 2017  |  Вести денес: 7

Анкетната комисија денеска почнува со сослушување на сведоци

Денеска треба да биде сослушан премиерот Никола Груевски.

Анкетната комисија денеска почнува со сослушување на сведоци

Анкетната комисија денеска почнува со сослушување на сведоци

Поврзани вести

Анкетната комисија за прислушувањето денеска ќе почне со сослушување на сведоци.
Денеска треба да биде сослушан премиерот Никола Груевски, в четврток треба да бидат сослушани шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протуѓер и министерот за финансии, Зоран Ставрески, на 11 декември поранешниот прв човек на ДБК, Сашо Мијалков, на 14 декември поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а на 15 декември поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најави пред некој ден претседателот на комисијата, Петре Шилегов.

Тие немаат законска обврска да се појават на сослушувањата. Седниците на кои што ќе бидат сослушувани сведоците ќе бидат затворени за јавноста.

Најчитани вести