четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 23

Белата куќа ги повика републиканците да ја отфрлат кандидатурата на Трамп

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест рече дека кампањата на Трамп личи на „буниште на историјата“, како и оти неговите забелешки се навредливи и отровни.

Белата куќа ги повика републиканците да ја отфрлат кандидатурата на Трамп

Поврзани вести

Белата куќа ги повика денеска републиканците да ја отфрлат кандидатурата на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп по изјавата дека „на муслиманите треба да им се забрани влез во САД“.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест рече дека кампањата на Трамп личи на „буниште на историјата“, како и оти неговите забелешки се навредливи и отровни.

Ернест додаде дека останатите републикански кандидати, кои ветија дека ќе го поддржат оној кој што ќе победи, „треба веднаш да се откажат од Трамп“.

Претендентот за кандидатура на Републиканската партија на претседателските избори во САД Доналд Трамп ги отфрли критиките дека неговиот предлог на муслиманите да им се забрани влез во САД е неамерикански и порача дека САД „сега се во војна“.

Најчитани вести