Русија ја обвини Турција за „неодговорно однесување“ во Ирак

Русија ја обвини Турција за „неодговорно однесување“ во Ирак
Русија ја обвини Турција за „неодговорно однесување“ во Ирак

Амбасадорот на Русија при ОН, Виталиј Чуркин, изјави пред Советот за безбедност на ОН дека Турција се однесува неодговорно и необјасливо со тоа што праќа војници во Ирак без согласност на ирачката влада.

По состанокот за Турција кој е одржан зад затвоени врати, Чуркин на новинарите им кажал дека постапките на Турција исто така одразуваат „недостиг на легалност“ во воздушните напди на меѓународната коалиција во Сирија кои се одвиваат без согласност на таа земја.

Тој кажал дека е разочаран што Советот за безбедност не го прифатил предлогот на Русија да се издаде соопштение со кое би се потврдила потребата од почитување на меѓународниот закон и суверенитет и повикал на единсто во борбата против Ислмската држава.

Тензиите помеѓу Русија и Турција ескалираа откако Турција урна руски воен авион на границата со Сирија, минатиот месец.

Москва негираше дека авионот влегол во воздушниот простор на Турција и вели дека цел на авионите им била екстремистичка група во близина на границата, додека Анкара вели дека тие биле насочени кон умерените милитантни групи на Турци кои се борат против сириската влада.

Ирачкиот амбасадор во ОН, Мохамед Алкахим изјавил дека официјален Багдад и Анкара работат на билатерално решавање на спорот.