Федерер ангажираше нов тренер

Федерер ја раскина двегодишната соработка со Швеѓанецот Стефан Едберг и се одлучи како негов нов соработник и помошник на главниот тренер да биде Иван Љубичиќ.

Љубичиќ во својата 15-годишна професионална кариера од 1998 до 2013 година освои десет АТП турнири, меѓу кои најголем беше Мастерсот во Индијан Велс во 2010 година.

По крајот на играчката кариера изминатите две години беше тренер на Канаѓанецот со српско потекло, Милош Раониќ, кој во тоа време дојде и до полуфиналето на Вимблдон во 2014 година и се проби меѓу четворицата најдобри тенисери во светот.