Три начини како да станете најсекси жена во просторијата

Ако сакате да се придружите кон тимот жени по кои сите вртат глава и кога се облечени во тренерки и без шминка, обидете се со овие „трикови“.

Бидете женствена

Некои жени мислат дека треба да се претворат во глупава, збунета „дама“ која не знае ништо да направи сама, но тоа не е ни приближно до она што подразбира женственоста. Голем број жени мисли дека женственоста ги чини послаби, па креват ѕидови, одбиваат комплименти и глумат дека се недостижни. Работата е многу едноставна – ако зрачиш со енергија на недостапна жена само ќе ги одбиете луѓето. Можете да бидете и достапни и помалку резервирани во исто време, важно е само да не ги подигнете ѕидовите , бидејќи мислите дека женственоста ве чини послаби.

Одредете ги своите граници

Женствените жени имаат силно изразена самопочит, што не значи дека се затворени кон сите – само да кажат да кога нешто сакаат, но не кога нешто не сакаат. Ретко кој ја почитува жената која кажува да на се, додека онаа која има изразено сопствено мислење и цврсти граници им е неизмерно секси.

Исфрлете ги предрасудите

Некои мажи мислат дека жената не може да им парира, некои жени исто така ќе го наметнат тоа чувство, но вистината е дека личноста која најмногу ве ограничува сте Вие. Ако тргнете со претпоставката дека сите во просторијата се подобри од вас и дека морате да им се допаднете, ќе зрачите со несигурна енергија. Ако влезете просторијата и потполно ви е сеедно кој што ќе мисли, ќе бидете неизмерно секси.