НБА: Голден Стејт продолжува…

Тој постигна 39 поени, потоа во последните минути заработи и повреда, но тоа не ја намали важноста на победата на шампионот кој нанижа 23 порази сезона, а вчеравечер ја изедначија втората најдолга серија во историјата, онаа на Мајами од пред три сезони.

Имено, сметајќи ги и натпреварите од крајот на минатата сезона, Голден стејт е во серија од 27 победи и само Лејкерси се пред нив кои на почетокот на седумдесеттите славеа 33 пати во низа.

Кари постигна 29 поени, имаше 10 поени, седум скока, погоди и три тројки, а и тој изедначи еден рекорд, оној на Рашар Луис, од 87 натпревари во низа на кои постигнува барем една трјка.

А, сега и некој „лош” збор за воините. Водеа со 28 поени разлика на стартот од последната четвртина, а потоа му дозволија на противникот да стигне до дури минус шест. Сепак, искуството пресуди, па и покрај 33-те постигнати поени на одличниот Пол Џорџ Индијана мораше да се помири со пораз.

НБА Резултати:

Кливленд – Портланд 105:100
Индијана – Голден стејт 123:131
Бруклин – Хјустн 110:105
Мемфис – Оклахома 88:125
Денвер – Орландо 74:85
Сакраменто – Јута 114:106