ЕБОР ги имплементира проектите од Бернската конвенција

ЕБОР ги имплементира проектите од Бернската конвенција
ЕБОР ги имплементира проектите од Бернската конвенција

По деталните консултации со ЕЛЕМ и соодветните власти во Македонија, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) целосно ги прифаќа препораките на Заседавачкиот комитет на Бернската конвенција, поврзани со Националниот парк Маврово во Република Македонија.

Согласно тоа, ЕБОР ќе ги разгледа резултатите од стратешката еколошка проценка на кумулативните влијанија на сите планирани развојни активности на територијата на паркот, при донесувањето на одлуката за финансирање на проектите за хидроцентралите во паркот.

Во ноември 2011, Бордот на директори на ЕБОР, оддобри 65 милиони евра кредит на ЕЛЕМ, за изградба на хидроцентралата Бошков мост во Националниот парк Маврово, во случај проектот да ги задоволува сите применливи еколошки услови и стандарди. Немаме направено никакво префрлување на средства, посочуваат од ЕБОР.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.