петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 6

Соборувањето на авионот беше причина за војна, но Русија се воздржа

medvedev

Последни вести

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев изјави дека соборувањето на рускиот авион Су-24 од страна на туските воено-воздухопловни сили било доволна причина за војна, но потенцира дека Москва одлучила да не примени симетричен одговор.

– Што правеа земјите во 20. век во слична ситуација? Почнуваше војна, рече Медведев во телевизиската емисија „Разговори со премиерот“.

Според него турската постапка е директен напад врз странска земја.

– Меѓутоа во сегашната ситуација војната е најлошто нешто што може да се случи… Затоа донесовме одлука да не примениме симетричен одговор на постапката на Турција, нагласи рускиот премиер.

Најчитани вести