вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 4

Снег зимава ќе има само на планините?!

Долгорочните прогнози велат дека по студениот период кој не очекува кон крајот на оваа и целата наредна недела, ќе следи благо зголемување на температурите.

снег

Поврзани вести

Снег оваа зима ќе има само на планините. Долгорочните прогнози велат дека по студениот период кој не очекува кон крајот на оваа и целата наредна недела, ќе следи благо зголемување на температурите.

Кон крајот на неделава, во некои места во Македонија ќе има температури од 10 Целзијусови степени под нулата, а во главниот град минималните температури ќе се спуштат до минус 7 Целзијусови степени.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела, а во последната седмица од годинава ќе следи раст на температурите. Минималните температури нема да се спуштат под нула, а максималните ќе надминат 11 Целзијусови степени во Скопје, а во појужните делови и до 15 Целзијусови степени.

stud-zima

Најчитани вести