понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 5

Роналдо го обелодени краткиот разговор со Блан

Кристијано Роналдо пред шпанските медиуми објасни дека нема намера да си замине од Реал Мадрид и дека на тренерот на ПСЖ, Лоран Блан, му се заблагодарил на понудата.

ce-que-cristiano-ronaldo-aurait-dit-laurent-blanc

Поврзани вести

Со месеци низ медиумите се вртат шпекулациите за трансфер на португалскиот фудбалер во богатиот француски тим. Сето ова посебно доби на интензитет пред две седмици кога Роналдо во Париз размени срдечни поздрави со тренерот Блан.

Разговарам со многу луѓе. Ако ме третираат добро и јас така ги третирам нив. На Блан само му се заблагодарив за убавите коментари што ги искажа за мене, појасни Роналдо.

Медиумите често најавуваат дека Роналдо наскоро ќе замине од “кралскиот клуб“, за што наводно, му замерил и председателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Секоја година се шпекулира за тоа. Јас сум мирен, овде ми е убаво, среќен сум во Мадрид. Имам уште две години од договорот, останувам овде. Не се сеќавам што сум разговарал со Флорентино, тој се шегуваше со мене. Да бил некој вистински проблем , претседателот ќе ме повикаше во канцеларија на состанок, вели Роналдо.

Португалскиот ас во вторникот постигна четири од осумте гола во победата на Реал Мадрид против Малме и го урна рекордот во Лигата на шампионитесо 11 голови во групната фаза.

Најчитани вести