Путин повика британски експерти за анализа на црната кутија од Сухој 24

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика британски експерти да помогнат во анализа на содржината на црната кутија од воениот авион, што на 24. ноември беше соборен од турската армија над турско-сириската граница.

Француските медиуми го пренесуваат официјален Кремљ во изјавата дека Путин овој повик го упатил во телефонски разговор со британскиот премиер Дејвид Камерон, пренесува МИА.

„Владимир Путин ги повика британските специјалисти да учествуваат во декодирањето на податоците од црната кутија на соборениот воен авион Су-24“, се наведува во соопштението на Кремљ, објавено по разговорот меѓу Путин и Камерон.

Путин вчера на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му нареди да ја отвори црната кутија на воениот авион Су-24, но исклучиво во присуство на меѓународни стручњаци.