Премиерот Груевски во посета на Израел

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска престојува во посета на Израел.

Во владината делегација која ја предводи македонскиот премиер, се и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф.

Во рамките на посетата, премиерот Никола Груевски ќе оствари средба со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Претседателот на Владата Никола Груевски и владината делегација, во Ерусалим, ќе присуствуваат и ќе се обратат и на бизнис форум на кој ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.

Со цел воспоставување на соработка на полето на јавното здравство, премиерот Груевски ќе оствари посета на реномираниот медицински центар Хадаса.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.