четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 49

Ременски: Вонредни инспекциски надзори на центрите за социјална работа

remenski

Поврзани вести

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски денеска информираше дека во тек е вонреден инспекциски надзор во Центрите за социјална работа кои треба да направат увид во процедурите за оставрување на правата од оваа сфера и нивното губење.

– Досега инспекторите утврдија голем број недостатоци во работењето на овие установи. На граѓаните не им е одговарано во законски предвидениот рок од 60 дена за остварувањето на правата од социјалната заштита, извештаите од непосредниот увид на семејствата направени од центрите не ја опишуваат во целост состојбата што дава можност за злоупотреба при доделувањето на правата, а во дел од предметите не е изготвен наод и мислење на стручен работник што е спротивно на сите процедури, истакна на денешната прес-конференција министерката Фросина Ташевска Ременски.

Додаде дека заради тоа се пристапило и кон ревидирање на подзаконските акти на Законот за социјална заштита кои го уредуваат начинот на губење и добивање на правото на социјална парична помош, што пак, како што наведе, треба да го олесни пристапот на граѓаните до ова социјално право.

Ташевска Ременски информира дека од септември 2014 до септември 2015 година бројот на домаќинства кои примаат социјална помош се намалил за 6.603 лица, што, споед неа, е резултат на лошата политика на ВМРО-ДПМНЕ. Четвртина од нив или 1.400 се жалеле во жалбена постапка, но по предметите за овие жалби не било решавано во периодот од февруари до 15 ноември годинава. Министерката посочи дека поранешниот министер Диме Спасов иако имал законска обврска не донел решение по жалба за овие 1.400 случаи и оти правото да одлучува го пренел на службеник кој бил на пробна работа во МТСП.

Со цел овие состојби да бидат констатирани од надлежен орган министерката за труд и социјална политика уште на 18 ноември поднела барање за постапување до Државниот управен инспекторат. Ќе ги искористиме, рече, сите законски можности и постапки за утврдување одговорност за непостапувањето по жалбите и постапувањата спротивно овластувањата.

Најчитани вести