Терористите на колена, пиштолите се репетираат, но се случува нешто неочекувано… (ВИДЕО)

Терористите на колена, пиштолите се репетираат, но се случува нешто неочекувано...
Терористите на колена, пиштолите се репетираат, но се случува нешто неочекувано...

Група на сириски бунтовници кои се организирани пд името „Фронт Левант“, а се борат против војската на претседателот Башар ал-Асад, објавија необично видео со лажно погубување на терористи на ИСИС, а со што сакаат на светот д му покажат дека во Сирија не се сите дивјаци и убијци.

Целата снимка, всушност, наликува на бруталните снимки од Исламската држава. Бунтовниците ги натерале терористите да облечат портокалови одела и да клекнат. По тоа, маскираните Сиријци ги репетираат пиштолите и нишанат кон главите на терористите.

И тогаш, кога се очекува сигурна егзекуција, се случува нешто што на прв поглед изгледа незамисливо. Бунтовниците ги вадат фантомките и пиштолите ги ставаат во футрола. Однекаде се појавува и човек во бела муслиманска облека и на терористите им порачува:

„Ова не е наша политика, ние не сме зли“.

Потоа, наредува заробените терористи да се вратат во затвор.

Снимката е наречена „Муслиманите не се криминалци“, а  ја објави „Фронт Левант“ кој се бори против ИСИС и Башар ал-Асад.