Голем интерес за користење средства од ИПАРД во Кочанско

Во кочанското одделение на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството годинава се поднесени 54 барања за програмите за искористување средства од ИПАРД, како и 12 барања за програмите за рурален развој.

– Годинава мошне голем беше интересот на земјоделците за аплицирање на програми за искористување на средства од ИПАРД програмата, за што се поднесени 54 барања, додека по програми за рурален развој на двата огласи се поднесени `12 барања, истакна Захариев.

Големиот интерес на земјоделците, според Захариев, се должи пред се на работата на терен од страна на стручните лица од Агенцијата во Кочани, како и информираноста и одржувањето трибини.

Захариев информираше и за новата владина мерка за зголемување на субвенциите во областа на оризопроизводството, мерка која ја најави премиерот Никола Груевски при неодамнешната посета на Кочани и предавањето во употреба на турската компанија за откуп и преработка на оризова арпа  „Левидиагро“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.