Средба Груевски – Нетанјаху: Потпишана Декларација за пријателство меѓу двете земји

Потпишана Декларација за пријателство меѓу Македонија и Израел. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска во Ерусалим, оствари средба со премиерот на Државата Израел, Бенјамин Нетанјаху.

На средбата двајцата соговорници ги потврдија одличните односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со взаемно пријателство и меѓусебно разбирање.

Потврда за одличните односи меѓу двете држави, и заложбите за нивно континуирано унапредување, се и трите документи кои денес беа потпишани од страна на двете земји.

Премиерот Груевски и неговиот израелски колега Нетанјаху потпишаа Декларација за пријателство меѓу Република Македонија и Државата Израел од стратешко значење, документ кој претставува значајна основа за остварување на продлабочена соработка меѓу двете држави.

Средба Груевски - Нетанјаху: Потпишана Декларација за пријателство меѓу двете земји
Средба Груевски – Нетанјаху: Потпишана Декларација за пријателство меѓу двете земји

Денеска со премиерот Нетанјаху потпишавме Декларација за пријателство меѓу Република Македонија и Државата Израел која е од стратешко значење, и која уште повеќе ги зацврснува билатералните односи меѓу нашите две земји. Двете земји ги врзува силно партнерство, заемна почит, одлична билатерална и мултилатерална соработка. Меѓу нас нема отворени или спорни прашања. Ние сме долгогодишни пријатели и партнери, истакна на заедничката прес-конференција премиерот Груевски.

Потпишани уште два важни договори

Покрај Декларација за пријателство денес беа потпишани уште два важни документи. Станува збор за Договорот за одбегнување на двојното оданочување и Договорот за промоција и заштита на инвестициите, документи кои се во функција на интензивирање и стимулирање на економската соработка меѓу државите.

Добрата политичка соработка сакаме да се преслика и на економски план, преку интензивирање на заедничките економски релации, и искористување на соодветните потенцијали кои ни стојат на располагање. Во таа насока денеска ги потпишавме и Договорот за одбегнување на двојно оданочување и Договорот за промоција и заштита на инвестициите, што верувам е одлична вест за бизнисмените од двете земји, изјави Груевски.

Премиерот Груевски со својот колега Нетанјаху разговараше и за остварување на соработка во други полиња од взаемен интерес, како што се земјоделието, обновливата енергија, можностите за искористување на хидро-потенцијалот и туризмот.

Потпишани уште два важни договори
Потпишани уште два важни договори

Тој посочи дека македонската Влада уште пред неколку години донесе неколку мерки насочени кон негување на споменот на Евреите и заштита на еврејската култура и традиции во Македонија, меѓу кои и отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, основањето на Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Македонија и реституцијата на имотите на депортираните Евреи без правни наследници, мерки кои укажуваат на пријателството меѓу двете држави.

Двајцата премиери разговараа и за теми кои што се глобални предизвици, како што е борбата против тероризмот и мигрантската криза.

Република Македонија е дел од глобалната коалиција за борба против тероризмот и придонесува во рамките на меѓународните мисии за меѓународната безбедност. Нашата отворена и верувам заедничка заложба останува обезбедување на поголем регионален и светски мир и стабилност, истакна премиерот Груевски.

Во однос…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.