Средба Груевски – Нетанјаху: Потпишана Декларација за пријателство меѓу двете земји

Во однос на мигрантската криза, премиерот Груевски истакна дека Република Македонија е дел од европскиот коридор за транзит на мигранти, и во таа насока како држава учествува во обезбедувањето на хуман третман кон мигрантите во исто време гарантирајќи безбедност и сигурност на нашите граѓани. Тој истакна дека за надминување на овие предизвици е потребен координиран пристап на меѓународната заедница и побрза и поодлучна акција која треба да се преземе во соработка со европски партнери и пријатели.

Нетанјаху: Постои традиционално пријателство помеѓу нашите две држави

Премиерот на Државата Израел, Нетанјаху истакна дека двете држави имаат заедничко пријателство кое треба да се искористи за понатамошно продлабочување на соработката во повеќе полиња.

Постои традиционално пријателство помеѓу нашите две држави. Има многу области каде можеме да работиме, енергетиката, земјоделието, науката, образованието, технологијата, и областа на одбраната како и заедничка борба против тероризмот. Ние го цениме ова пријателство и ова партнерство, изјави премиерот на Израел Нетанјаху на заедничката прес-конференција.

Тој додаде дека постои и потенцијал во економијата кој исто така треба да биде соодветно искористен, и дека Државата Израел ќе остане поддржувач и пријател на Република Македонија.

партнери и пријатели. Нетанјаху: Постои традиционално пријателство помеѓу нашите две држави
партнери и пријатели. Нетанјаху: Постои традиционално пријателство помеѓу нашите две држави

Двајцата премиери изразија цврсто уверување дека и во иднина традиционално пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се интензивираат во сите области од взаемен интерес, вклучително и во економијата како област со огромен потенцијал. Премиерот Груевски го покани својот колега Нетанјаху да ја посети Република Македонија.

Премиерот Груевски согласно традициите и воспоставените практики на Државата Израел при ваквите официјални посети, оствари средба и со лидерот на израелската опозиција, Исак Херцог. На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми и области кои би можеле да бидат од заеднички интерес за пријателството меѓу двете држави.