ЛШ: Арсенал се “спаси” во последното коло, Мурињо успеа да ја зачува својата работа

На Арсенал му беше потребна убедлива победа во директниот дуел против Олимпијакос за пласман во следната фаза и успеа во намерата, а комплетните заслуги одат зад името на Оливие Жиру.

Французинот постигна хет-трик и така го спаси Арсен Венгер од нови притисоци. Францускиот репрезентативец го начна противникот во 29-та минута кога реализираше со глава, потоа одлично се снајде и во 49-та кога зголеми на 2:0, а со успешно реализираниот пенал во 67-та минута практично стави точка на сите дилеми.

Олимпијакос мора да се задоволи со третото место во групата и пласманот во Лигата на Европа.

Жозе Мурињо ќе може да здивне, барем до следното коло од Премиерлигата, бидејќи неговите избраници синоќа со победата против Порто се погрижија да ја зачува својата работа.

Маркано си постигна автогол во 12-та минута, а Вилијан во 52-та погоди за мирен финиш.

Со оваа победа Челзи заврши како првопласиран во групата.

Резултати:

Група Е: Леверкузен – Барселона 1:1, Рома – БАТЕ 0:0
Група Ф: Динамо Загреб – Баерн Минхен 0:2, Олимпијакос – Арсенал 0:3
Група Г: Челси – Порто 2:0, Динамо Киев – Макаби 1:0
Група Х: Гент – Зенит 2:1, Валенсија – Лион 0:2

Табели:

Група Е: Барселона 14, Рома 6, Леверкузен 6, БАТЕ 5
Група Ф: Баерн 15, Арсенал 9, Олимпијакос 9, Динамо 3
Група Г: Челси 13, Динамо Киев 11, Порто 10, Макаби 0
Група Х: Зенит 16, Гент 8, Валенсија 6, Лион 4