Свет

Италија го блокира автоматското продолжување на санкциите за Русија

Италија го блокира автоматското продолжување на санкциите за Русија
Италија го блокира автоматското продолжување на санкциите за Русија

Италија бараа прашањето за понатамошни санкции против Русија да се разгледувана состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, на 14 декември, или во текот на самитот на Унијата (17-18 декември).

На тој начин е блокирано автоматското продолжување на рокот на санкциите, кој истекува на 31 декември, пренесува „Спутњик“.

Фомалната одлука за продолжување на „казнените мерки“ за Русија, треба да биде донесена на состанокот на претставниците на членките на Унијата до крајот на оваа недела.

Постапката на Италија, политичките аналитичари во Русија ја оцеуваат како гест на пријателство, но и израз на незадоволство од делувањето на ЕУ.

Сепак, овој чин не претставува автоматско укинување на санкциите, но постои мала веројатност Европа да дојде до заклучок дека со оваа мерка не придонесува кон решавање на проблемот, ниту ги погодува целите поради кои се донесени, наведува „Спутњик“.