Спорт

НБА: Харден го “растури” Вашингтон, Барнс со тројка од половина терен му донесе победа на Мемфис

НБА: Харден го “растури” Вашингтон, Барнс со тројка од половина терен му донесе победа на Мемфис

Џејмс Харден со 42 поени беше најзаслужен за победата на Хјустон од 109:103 против Вашингтон.

Одличниот кошаркар на Рокетс претходниот натпревар постигна само 10 поени, што беше најлош напаѓачки ефект во неговата НБА-кариера, но затоа се извади во главниот град против Визардс.

Мет Барнс постигна тројка од половина терен на 1,1 секунда до крајот и му донесе победа на Мемфис од 93:92 против Детроит.

Зек Рендолф одигра одличен меч за гостите со дабл-дабл ефект од 21 поен и 16 скока, а одличен беше и Марк Гасол со 19 поени и 12 скока. Андре Драмонд беше најдобар кај домаќините со 18 скока и 19 скока.

НБА Резултати:

Бостон – Чикаго 105:100
Шарлот – Мајами 99:81
Вашингтон – Хјустон 103:109
Детроит – Мемфис 92:93
Торонто – Сан Антонио 97:94
Милвоки – ЛА Клиперс 95:109
Минесота – ЛА Лејкерс 123:122
Феникс – Орландо 107:104
Јута – Њујорк 106:85
Далас – Атланта 95:98