Спорт

Србија забележа многу битна победа против Јапонија, Унгарките лесно со Данска

Србија забележа многу битна победа против Јапонија, Унгарките лесно со Данска

Најефикасна во српската репрезентација беше Шлезак која постигна шест гола, но мора да се истакне голманката Рисовиќ кој оствари 13 одбрани, дел од нив во најважните моменти. Кај Јапонките, први стрелци беа Сунами и Ишикате.

На Србија денес и е доволен и бод против Тунис за да го запечати пласманот во осминафинале.

Селекцијата на Унгарија брзо го заборави дебаклот од Црна Гора и оствари убедлива победа против домаќинот Данска со 29:22.

Шушански со осум гола беше убедливо најефикасна во унгарската селекција, додека Јоргенсен и Хансен кај Данска реализираа по четири.

Од победата на Унгарија профитираше Црна Гора која изби на првото место, но утре се среќава со Данска.

Резултати:

Група А:
Ц.Гора – Тунис 37:26
Унгарија – Данска 29:22
Србија – Јапонија 27:22

Табела:
Ц.Гора 7 бода, Данска 6, Унгарија 6, Србија 3, Јапонија 2, Тунис 0

Група Б:
Куба – Холандија 23:45
Шведска – Кина 47:28
Ангола – Полска 27:29

Табела:

Холандија 7 бода, Шведска 7, Полска 6, Ангола 2, Кина 2, Куба 0