Ритуално убиство во Германија, приведени петмина осомничени

Ритуално убиство во Германија, приведени петмина осомничени
Ритуално убиство во Германија, приведени петмина осомничени

Најмалку пет Јужнокорејци се уапсени поради сомнение дека во Франкфурт убиле жена во ритуал кој потсетува на истерување на демони, изјави денеска германската обвинителка, Наџа Нисен.

Нисен вели дека полицијата во саботата, откако добила дојава од католички свештеник, го открила телото на 41-годишна жртва во хотелска соба.

Таа укажала дека осомничените 44-годишна жена, нејзиниот син (21) и нејзината ќерка (19) и двајца 15-годишници од кои едниот е син на жртвата, биле роднини на жртвата.

При ритуалот, групата извршила „силен притисок на градите и на стомакот на жртвата“, а во устата и била ставена крпа и облека за да не може да вреса.

Осомничените во Германија пристигнале пред шест недели, а сакале да ги истераат „демоните“ од жената.