Спорт

Премиерлигашите го зачуваа својот углед во Лигата на шампионите

Премиерлигашите го зачуваа својот углед во Лигата на шампионите

Фактот дека Лестер е лидер, Кристал палас е шести, а Челзи е во долниот дел говори дека на Островот владее фудбалска криза меѓу великаните.

Сепак, англиските гиганти го покажаа својот вистински квалитет во Лигата на шампионите, каде три од четири екипи ќе играат осминафинале.

По Сити, Арсенал и Челзи обезбедија пласман во нокаут-фазата, со што го зачуваа екстра-местото во елитата на листата според коефициентот на УЕФА.

uefa-rangiranje-2016

Англија има три од вкупно четири можни претставника во осминафиналето на ЛШ, плус, има три сигурни екипи во Лига Европа (Тотенхем, Манчестер јунајтед, Ливерпул), што ја однесе на четвртото место на листата на УЕФА пред француска Лига 1 и италијанска Серија А.