Во Женева зголемен степен на тревога, се бараат терористи поврзани со нападите во Париз

Во Женева зголемен степен на тревога, се бараат терористи поврзани со нападите во Париз
Во Женева зголемен степен на тревога, се бараат терористи поврзани со нападите во Париз
Полицијата во Женева денеска го зголеми степенот на тревога и трага по осомничени лица, кои се посочени од швајцарските власти за наводна поврзаност со нападите во Париз, извршени на 13 ноември.

Врз основа на добиената информација, полицијата во градот, кој се наоѓа во близина на француската граница, ја зајакна безбедноста и распореди поголем број полицајци.

Службеник од обезбедувањето на европското седиште на ОН во Женева изјави дека швајцарските власти трагаат по четири лица, за кои се претпоставува дека се наоѓаат во овој реон. На влезовите за автомобили во седиштето е распоредено обезбедување со автоматски пушки, што е невообичаена мерка за комплексот.

Друг службеник од обезбедувањето истакна дека во седиштето е објавена максимална тревога.